Викендов во Велес се одржа Фестивалот на џез, world и современа музика. Со настапот на Next to Silence на сцената во велешки театар, во петокот, стартуваше петтото издание на фестивалот кој и оваа година понуди богата програма и интернационални гости од Австрија, Финска и Израел.
Фестивалот заврши во неделата со настапите на странски и домашни изведувачи на Спомен Костурницата.












