Почитувани,

 

Велес е познат како град на културата и традицијата. Низ годините се одржале бројни манифестации кои оставиле траен белег и прераснале да бидат обележје на градот. Една таква манифестација е Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА“.

Покрај културните придобивки од овој фестивал, неспорен е придонесот и за развој на локалната економија. За таа цел Општина Велес како организатор на овој настан има одвоено финансиски средства, но за успешна реализација неопходна е поддршка.

Од овие причини се обраќаме до Вас како општествено одговорна компанија, за финансиска поддршка на овогодинешниот Фестивал на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“, за што логото на Вашата компанија ќе биде истакнато меѓу спонзорите или помагателите.

Доколку сакате да дадете поддршка средствата треба да бидат уплатени на буџетската сметка на Општина Велес, со број 711014100963010, приходна шифра и програма 725939 00.

Во очекување на позитивен одговор од Ваша страна, однапред Ви благодариме!


Барање