Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување 9 Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.07/97; 7/01, 05/04 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува

 

                    ЈАВЕН ПОВИК

                          за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

1.Признанијата се доделуваат во форма на плакети, пофалници и благодарници на најдобри поединци во областа на стопанството, науката, културата, образованието, здравството, уметноста, физичката и техничката култура, архитектурата, публицистиката, иноваторството и екологијата.

2.Признанијата се доделуваат на физички и правни лица, установи, здруженија, организации, неформални групи и други субјекти кои со своето дејствување дале особен придонес за Општина Велес и нејзина афирмација во земјата и странство.

3.Предлози за доделување на 9 Ноемвриски признанија можат да поднесуваат Градоначалникот, член на Советот на Општина Велес, физички и правни лица, установи, здруженија и други субјекти.

4.Предлогот мора да биде образложен и да содржи податоци и докази за исполнување на следните услови:

  • Делото односно постигнатите резултати да претставуваат значајно остварување за одредена област од член 4 на оваа Одлука
  • Делото да е објавено и да станало достапно на јавноста до 15 октомври во годината во која се доделува наградата односно признанието
  • Авторот на делото да е жител на општина Велес или делото да е тематски врзано за Општината Велес

 

5.Признанијата се доделуваат на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.

6.Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за Јавен повик за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.