Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда за животно дело „Гемиџии“ („Службен гласник на Општина Велес“ бр.7/97; 7/01, 5/04 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува

     ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на

     наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година

 

  1. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на физичко лице кое со своето долгогодишно професионално, научно, културно, уметничко, образовно, спортско, општествено, стопанско, хуманитарно или друго јавно дејствување оставило траен белег и особен придонес за Општина Велес, нејзината афирмација и развој.
  2. Кандидатот за наградата треба да ги исполнува следните критериуми:

– да има остварено особени и трајни резултати од значење за Општина Велес;

– придонесот да има јасно препознатлива вредност за локалната заедница или за афирмацијата на Општина Велес во земјата и/или странство;

– резултатите да се потврдат со релевантна документација, признанија, публикации, проекти, резултати или други докази;

– да има долгогодишно дејствување и континуитет во областа во која е постигнат придонесот;

– со своето дејствување да придонесува кон почитување на јавниот интерес, угледот и вредностите на Општина Велес.

3.Предлог за доделување на наградата можат да поднесат Градоначалникот, член на Советот на Општина Велес, физички и правни лица, установи, здруженија, организации и други субјекти.

Предлогот мора да биде образложен и да содржи податоци и докази за исполнување на критериумите. Кон предлогот се доставуваат докази за исполнување на горенаведените критериуми.

4.Наградата се доделува на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.

5.Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за  „Јавен повик за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година  Комисија за јавни дејности на ул.„Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.