Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 17/07 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање предлози за доделување на
наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
- Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите.
- Наградата се доделува за студент кој постигнал најдобар успех во претходните академски години.
- Предложениот кандидат за наградата треба да ги исполнува следните услови:
– Да е студент на еден од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство
– Да има просечен успех од најмалку 9,5.
– Да е жител на Општина Велес.
- Предлог за добитник на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент.
Кон предлогот се доставува и уверение за предвидените и положени испити за завршените години од студирањето, како и лични податоци за кандидатот (копија од индекс и лична карта).
Предлогот мора да биде образложен.
Документите се доставуваат во оригинал или заверен препис од Нотар, а за студенти кои се запишани на факултет во странство доставените документи да се преведени од овластен судски преведувач.
- Наградата се доделува на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.
- Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за „Јавен повик за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.


