ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради одржување на гастрономско-туристичка манифестација „Фестивал на Велешка пита и вино Питијада 2026“ на улица Благој Ѓорев во Велес во периодот од 08:00 часот на ден 08.10.2026 година па се до 21:00 часот на ден 12.10.2026 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа:
- На делот од улицата Благој Ѓорев на потег од крстосницата со улицата Борис Трајковски ќе биде забранет сообраќајот за возила со поголем габарит (автобуси) и истите ќе се пренасочат по улицата Борис Трајковски, потоа возилата кои доаѓаат од улица Благој Ѓорев и ул.Тодор Јанев на кружниот ток ќе бидат пренасочени да се движат десно по улицата 8ма Велешка Бригада потоа лево кон улица Лазо Осмаков на која улица за време на одржување на манифестацијата насоката на движење ќе биде променет односно сообраќајот ќе се движи во насока од ул. 8ма Велешка Бригада кон Љубљанска. Или на кружниот ток лево кон ул. Т. Христов потоа кон ул. Ѓорѓи Војтех лево кон Кумановска и кон ул. Борис Трајковски.
- Возилата кои доаѓаат од улица Кумановска ќе бидат забранети за движење по улица Наум Наумовски Борче ќе бидат пренасочени да се движат по улица Ѓорѓи Војтек и Т.Христов па по улица 8ма Велешка Бригада, потоа улицата Благој Ѓорев од кружниот ток Авона се до ул. Љубљанска ќе биде забранет сообраќајот за движење во двете насоки, од крстосницата со улица Љубљанска па се до улица Орце Мартинов ке се одвива еднонасочен сообраќај, од крстосницата со ул. Орце Мартинов се до крстосницата со улица Алексо Демниевски-Бауман сообраќајот ке се промени од еднонасочен во двонасочен сообраќај. Ваквиот потег е превземен поради близината на пристапот до Болницата и се со цел полесен пристап до неа како и поголема пристапност до домовите на жителите кои што живеат на тој потег од улиците;
- На делот од улицата Алексо Демниевски-Бауман на потегот од крстосницата кај пошта се до семафорите исто така режимот ќе се промени од еднонасочен во двонасочен;
Времениот режим на сообраќај ќе се одвива според поставената времена сигнализација, како и знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. Поради тоа се молат сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и прописите заради нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.
Со почит,
Општина Велес


