11 Октомври – Ден на народното востание – празник на слободата, храброста и непокорот.
На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ го крена гласот против фашистичкиот окупатор, започнувајќи ја борбата за слобода, правда и национално достоинство.
Денес, 85 години од Народното востание, со длабока почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливoста на нашите предци во слободна Македонија. Нивната борба и жртва се трајно вградени во темелите на нашата државност и претставуваат аманет што треба да го чуваме, негуваме и да го пренесуваме на идните генерации.
По повод на овој историски датум, делегации на Општина Велес, на АРМ, на Општинската организација на Сојузот на борците, делегации на институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе пред споменикот на загинатите борци од НОБ во Спомен костурницата.
Свеченоста по повод празникот ја збогати и настапот на хористите на Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“
Нека е честит 11 Октомври – Денот на народното востание!


