Велес вчера беше домаќин на уште еден несекојдневен настан. Во прекрасниот амбиент на Еко кампот на езеро Младост се одржа „Дипломатско котле“ , настан на кој учествуваа врвни мастер-шефови од целиот свет, претставници на Гасто Мак како и ученици од ДСУ РЦСОО Коле Неделковски кои во присуство на десетина амбасадори приредија вистински моменти за уживање. Присутните гости имаа можност да вкусат традиционална македонска храна подготвена од вештите раце на шефовите и учениците кои стекнаа непроценливо искуство.
Со традиционални вкусови, топло велешко гостопримство и искрено дружење, настанот испрати силна порака дека храната е универзален јазик што ги надминува границите, ги зближува луѓето и создава нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.