Општина Велес ќе додели еднократна парична помош за родителите на првачињата во Велес.
По прибирањето на потребните податоци и завршената административна проверка и обработка, средствата ќе бидат исплатени на сметките на родителите.
За оваа намена, од буџетот на Општина Велес се издвоени вкупно 1.276.539 денари, како финансиска поддршка за семејствата и олеснување на трошоците поврзани со почетокот на образованието на најмладите ученици.
Општина Велес продолжува со инвестиции во најмладите и иднината на градот.


