Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 8 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22, 18/22, 16/23 и 17/25), Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина бр.09-4014/6, а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Велес за 2026/2027 година бр.09-4014/7 од 20.10.2026 година
Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Велес на ден 21.10.2026 година, распишува
К О Н К У Р С
за стипендирање на талентирани ученици и студенти
за учебна/студиска 2026/2027 година
За учебната/студиска 2026/2027 година, Општина Велес ќе додели:
- 19 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во текот на учебната година.
- 15 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во текот на академската година.
Средствата за стипендиите се обезбедени од: Буџетот на ОПШТИНА ВЕЛЕС, и донации од: ЖИТО МАРКЕТИ и АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Велес
Услови за доделување на стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во РСМ, а ги исполнуваат следните услови:
- Редовни ученици од средно образование од II, III, IV година со одличен успех, (за учебната годината која и претходи на година во која аплицира за стипендија) кои освоиле награда на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата, спортот и други учества (во претходната учебна година);
- Редовни студенти со минимум запишана II година со континуирано студирање, кои освоиле награда на државни или награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата, спортот и други учества, и во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
- Да се жители на Општина Велес и
- Да се државјани на РСМ.
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии
За ученици
- Пријава од апликантите до Комисијата.
- Свидетелство од претходна учебна година.
- Документ со кој потврдува освоени награди од општински, регионални, државни и меѓународни натпревари (за претходната учебна година).
- учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, благодарници и слично (за претходната учебна година).
- Изјава заверена на нотар дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за постапката за доделување на стипендии)
- Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.
За студенти
- Пријава од апликантите до Комисијата.
- Уверение за положени испити.
- Потврда за запишана година на факултетот.
- Документ кој потврдува освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
- учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, благодарници и слично.
- Потврда за објавени стручни трудови.
- Изјава заверена на нотар дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за постапката за доделување на стипендии)
- Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.
Место и рок за поднесување на документите
Пријавата со потребните документи се доставуваат по електронски пат на https://euslugi.veles.gov.mk/.
Рокот за поднесување на документите е од 21.10.2026 до 09.11.2026 година.
Пријавата и изјавите се објавени на веб-страната на Општина Велес.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.
Поблиски информации можат да се добијат на тел: 078 342 316
Конкурсот ќе биде објавен:
- на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес и донаторите
- на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,


