Хоризонтално бележење се врши денеска на улицата „Луј Пастер“ и на Раштански пат со цел подобрување на сообраќајната безбедност и побезбедно движење на сите учесници во сообраќајот.
Активностите продолжуваат и во наредните денови, кога е предвидено бележење на улиците „Васил Главинов“ и „11 Октомври“.


