23 Октомври е ден кога со особена почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливиот дух на македонските револуционери, кои се вградија во темелите на борбата за слобода, самостојност и независна македонска држава.
Нивната визија, идеали и решителност се траен потсетник дека љубовта кон татковината, единството и истрајноста се вредности што треба да ги негуваме и пренесуваме на идните генерации.
Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!


