Започна реконструкцијата на улицата „Стојан Буридан“. Во тек се подготвителните работи, порамнување на теренот и поставување тампонски слој по што ќе следи бетонирањето на улицата.

Со реконструкцијата на улицата ќе се подобрат условите за движење, ќе се зголеми безбедноста, а жителите од овој дел на градот ќе добијат поуредна и пофункционална улица.