Реконструкцијата на улицата „Васил Ѓорѓов“, што води до Којник, е во завршна фаза. Деновиве завршија подготвителните зафати и поставувањето на тампонскиот слој на улицата како и поставувањето на рабници. Деновиве ќе следува асфалтирање на оваа значајна делница.
Паралелно со реконструкцијата, ЈКП „Дервен“ изврши замена на дел од старата водоводна и канализациона мрежа, со што се обезбеди долгорочно инфраструктурно решение.
Со реконструкцијата на улицата значително ќе се подобрат условите за движење кој Којник, Мегдан, Теќе и останатите горни велешки маала. Реконструкцијата се реализираше со финансиски средства обезбедени во соработка со Владата и Министерството за транспорт.
Општина Велес ги замолува граѓаните за уште малку трпение и почитување на времениот сообраќаен режим.












