пштина Велес ја посети амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варгас. На средбата со градоначалникот Марко Колев беа разменети идеи, планови и можности за идна соработка, заеднички иницијативи и проекти со цел отворање нови можности и перспективи за развој на Велес.
Во рамки на посетата, амбасадорката имаше можност да се запознае со дел од богатото културно-историско наследство на градот, при што ги посети манастирот „Св. Димитрија“ и Спомен-куќата на Кочо Рацин.
Таа изрази воодушевување од богатата историја, културното наследство, традицијата и обичаите кои го красат Велес и му даваат посебен белег.