Ученици од петто одделение од основните училишта во Велес, викендов учествуваа на настанот „Венец од стихови за Македонска Јанчевска“, во рамки на чествувањето на 59. „Детски Рацинови средби“. Тие со љубов рецитираат стихови од поетесата Јанчевска. За значењето и големината на ликот и делото на Македонска Јанчевска говореше велешката поетеса Десанка Николова.
Македонка Јанчевска замина од овој свет на 86-та година од својот живот но зад себе остави богато литературно творештво кое ќе биде патоказ на многу генерации љубители на пишаниот збор, особено децата кои беа нејзин непресушен извор на творење.
Во рамки на 59. Детски Тацинови средби“ претходно се одржа книжевна работилница со роднокрајни автори заедно со ученици од основните училишта. Работилницата се одржа под мотото „Силно светнал ден“ инспириран од песната „Копачите“ на Кочо Рацин. Учениците изразија голема креативност, инспирирани од стиховите на Рацин, создадоа сопствени стихови и испратија силни пораки за подобар свет.