По иницијатива на Градинарот, познат по своите општествено-одговорни активности за почиста и поздрава животна средина, викендов се реализираше еко-акција за чистење на крајбрежјето на Езеро Младост.
Заедно со група граѓани, во соработка со Општина Велес и ЈКП „Дервен“ се чистеше кај летниковците на прва плажа на езерото, се уредуваше и се разубавуваше просторот.
Општина Велес упатува голема благодарност до иницијаторот и граѓаните кои покажа добра волја за уредување на просторот и грижа за природата околу нас.












