Со доделување на наградите на најуспешните учесници на распишаните литературни и ликовни конкурси, свечено се затворија 59. Детски Рацинови средби. По тој повод, во големата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ настапи хорот „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на Веселинка Маџарова.
На свеченоста беа наградени најуспешните млади автори чии литературни и ликовни творби се издвоиле по својата оригиналност, креативност и уметничка вредност. Признанијата претставуваат поттик за младите да продолжат да го негуваат својот творечки дух и да создаваат нови дела.
Детските Рацинови средби и годинава ја потврдија својата значајна улога во поттикнувањето и афирмирањето на детското литературно и ликовно творештво.