Драги учители, наставници, просветни работници,
Со искрена благодарност за Вашиот
труд и посветеност на
непроценливата мисија-образование и воспитување на децата и младите, во
свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, ви го
честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот и ви посакувам многу успеси
во работата.
Од срце Ви благодарам за се што правите во градењето на новите генерации на Велес кој секогаш е препознатлив како град на авангардата и високите интелектуални достигнувања.
Искрено се надевам дека ќе останете посветени на Вашата благородна мисија што Општина Велес ја поддржува со континуирана реализација на проекти и активности за подобрување на условите за настава во училиштата.
Ја користам приликата на сите ученици да им ја честитам Неделата на детето и да им посакам среќно детство и успех во школувањето.
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски