Напредува реконструкцијата на спортската сала „Гемиџии“. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Марко Колев заедно со претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски и пратеникот Игор Здравковски. Старата и дотрајана дограма е заеменета со нови ПВЦ врати прозорци, а во тек е поставување на керамички плочки и уредување на тоалетите и соблекувалните.

Финансиските средства за реконструкција на спортската сала се обезбедени од Општина Велес и Министерството за спорт. Со оваа инвестиција ќе се реши долгогодишен проблем и ќе се создадат подобри услови за спортистите и рекреативците кои ги користат услугите на салата како и за одржување на спортски настани и натпревари.