Општина Велес е во фаза на подготовка на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2027–2031 година.
Ги повикуваме компаниите, претприемачите и претставниците на бизнис секторот активно да се вклучат во овој процес преку пополнување на прашалникот.
Вашето мислење, искуство и предлози се од особено значење за идентификување на потребите и предизвиците на локалната економија, можностите за инвестиции, развојот на претприемништвото и креирањето мерки за поддршка на бизнис секторот.
Заедно да ги дефинираме приоритетите и насоките за економски развој на Велес во следните пет години!
Ве покануваме да го преземете и пополните прашалникот на следниот линк:


