На денешен ден се навршуваат 87 години од печатењето на „Бели Мугри“, антологиската збирка поезија на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Првиот примерок од збирката бил отпечатен во печатницата на Драгутин Шпулер во Загреб, во 1939 година.
„Бели Мугри“ содржи 12 песни, распоредени во пет циклуси, напишани на велешки дијалект. Преку едноставен, но силен и впечатлив поетски израз, Рацин ги преточил во стих најтешките социјални состојби и неправди со кои се соочувал македонскиот народ во периодот пред Втората светска војна.
Меѓу најпознатите песни во збирката се „Денови“, „Печал“, „Тутуноберачите“, „Ленка“, „Проштавање“, „Балада за непознатиот“, „Елегии за тебе“, „Татунчо“, „На Струга дуќан да имам“, „Копачите“.
Во стиховите на Рацин се отсликува тешкиот живот на тутунопроизводителите, монополските работници, надничарите и сите оние кои секојдневно се бореле за егзистенција.
Но, „Бели Мугри“ не е само сведоштво за страдањето. Во неа силно се препознаваат бунтот, надежта и револуционерниот дух, како и вербата во можноста за поправеден живот.