Во официјална посета на Општина Велес денеска беше амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Мариуш Бримора, придружуван од советничката Ана Каспшак, заедно со претседателот на ОМД Гордан Јорданов.
Ова е прва официјална посета на амбасадорот на Полска на Општина Велес, на која се запознаа со градоначалникот Марко Колев, воспоставија нови контакти и отворија можности за идна соработка.
„Задоволство е да градиме нови пријателства и да ги отвораме вратите на Велес за меѓународна соработка, размена на искуства и нови можности за развој на нашиот град“, соопшти градоначалникот Колев.








