Под името ,,Фолклорот- нашата љубов” велешани имаа можност да го проследат јубилејниoт концерт на велешкиот ансамбл ,,Керамичар” кој одбележи 65 години од своето постоење.
На овој музички настан настапија домаќините од ,,Керамичар” Велес, КУД ,,Јане Сандански” од Неготино, групата ,,Соната” како и гости од КУД ,,Славко Манојловиќ” од Младеновац,Србија.
Во текот на утрешниот ден предвидена е втора музичка вечер во 18 часот во спортската сала на ОУ Блаже Конески на која ќе настапат домашни ансамбли како и гостите Рене Егл и групата “Кутерн” од Алзас, Франција кои пред велешани ќе го претстават традиционалниот алзашки звук.
Концертите се во рамките на официјалната програма на Општина Велес за одбележување на 11 Октомври, Денот на народното востание и јубилејот- 40 години од отворањето на Спомен-костурницата.