Сензорниот и моторниот развој кај децата од предучилишна возраст ќе се зајакне и стимулира со новоотворениот сензорен двор односно сензорна градина, која денес во објектот „Маргаритки” на ОЈУДГ „Димче Мирчев” во населбата „Дворови” во Велес беше официјално ставена во употреба.
,,Благодарност до вработените во детската градинка и општествено одговорните компании кои го препознаа значењето на овој проект.Општина Велес во идниот период ќе ги подобри условите за престој на нашите најмили во детските градинки”, истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Пред присутните претставници на јавните институции од градот и родителите на дечињата, в.д. директорката на ОЈУДГ „Димче Мирчев”, Ефтимија Карбева Лукарова го нагласи значењето и потребата за воведување на овој тип на помагала со цел овозможување поквалитетно предучилишно образование, кој многу ќе придонесе во раниот детски раст и развој, преку инклузивни, интерактивни и креативни активности односно содржини за најмладите.
Сензорната градина е изградена со сопствени средства на детската градинка и со поддршка во градежни материјали од неколку општествено одговорни компании од градот.