Езеро Младост денес беше центарот на ендуро мото спорот во земјава. Голем број моторциклисти од повеќе реномирани македонски мото клубови учествуваа на втората ендуро трка од оваа година во рамките на Државниот шампионат во Ендуро.
“Традицијата ќе продолжи и во иднина, догодина се надевам трката ќе добие и меѓународен карактер.Стискајте гас, возете внимателно и многу успех”, им порача на учесниците Ненад Коциќ, претседател на Советот на Општина Велес.
Натпреварот се одвиваше во три категории:
Е1-моторцикли до 250 кубици
Е2-до 350 кубици и
Е3 до 450 кубици.
Ендуро спортот како еден од екстремните спортови станува се попопуларен за сите вљубеници на возењето на “две тркала”. Во последно време Велес како град станува значајна ендуро дестинација , од причина што и околината на езерото Младост нуди одлични услови за развој на мото спортот.
Се поголем е бројот на љубители на овој ектремен и специфичен спорт кој се издвојува од класичните мото крос натпревари. Почетоците на Ендуро датираат од далечната 1968 година кога се одржал првиот Европски ендуро шампионат.
Настанот традиционално е во организација на Мото клубот “Мото Велес” и МФМА, а како и изминатата година беше обезбедена поддршка и од Општина Велес. Ендуро Велес трката е правата активност во рамките на официјалната програма за 9 Ноември, Денот на Општина Велес.
Во текот на утрешниот ден,со почеток во 11 часот ќе се оддржи третата и последна трка за оваа година.