Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18), член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005….. 120/2018),
Градоначалникот на Општина Велес објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С бр.01/2019
за прием на работници во работен однос на неопределено
време во општинската администрација на Општината Велес
Општинската администрација на Општината Велес има потреба од работници со засновање на работен однос на неопределено време за работни места во:
1.Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа и тоа:
1.1.Назив на работно место – Возач, ниво А2, ред.бр.12 шифра УПР 04 03 А02 001
Број на извршители – 1(еден)
Општи услови:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови
- стручни квалификации: Средно стручно образование(техничка струка) или средно гимназиско образование,
- работно искуство: 1 година во јавен или приватен сектор, евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж.
- возачка дозвола за Б или Д категорија,
2.Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за поддршка на Градоначалникот и тоа:
2.1.Назив на работно место – Возач на Градоначалникот, ниво А2, ред.бр.38 шифра УПР 04 03 А02 001
Број на извршители – 1(еден)
Општи услови:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови
- стручни квалификации: Средно стручно образование(техничка струка),
- работно искуство: 1 година во јавен сектор или приватен сектор, евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж.
- возачка дозвола за Б категорија,
За двете работни места:
- Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,
- дневно работно време: од 07:30 часот до 15:30 часот
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 година се: Македонец(ка) 2.
Кандидатите кон Пријавата за засновање работен однос треба да ја достават следнава потребна документација:
- Биографија (CV)
- Диплома за завршено образование, оригинал или заверен препис
- Уверение за Државјанство на Република Северна Македонија
Јавниот огласот трае 5 дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го и денот на објавување во дневен печат.
Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.
Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1.1. изнесува 15.461,00 денари.
Износот на месечна нето плата за работното место од точка 2.1. изнесува 19.938,00 денари.
Над избраните кандидати по извршениот избор, а пред склучување на Договор за работа ќе биде извршен преглед за утврдување на здравствената и психофизичката способност од страна на овластена институција на товар на работодавачот-Општина Велес.
Кандидатите пријавата со документацијата треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за Јавен оглас бр.01/19.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.