Вечерва во НУЦК „Ј.Х.К.- Џинот“ во рамките на Свечената академија велешани ги слушнаа имињата на добитниците на Деветтоноемвриските награди.
„Нашата саможртва е вградена во темелите на македонската држава.Секогаш може повеќе и подобро.Тоа е девизата и мотивацијата што не поттикнува неуморно да работиме за Велес и за благодетта на сите наши сограѓанки и сограѓани.Апелирам сите заедно да придонесеме во развојот на нашиот град.Изгледот на Велес е лицето на секој од нас“, истакна градоначалникот Коцевски во своето пригодно обраќање пред присутните.
Добитници на деветтоноемвриското признание Пофалница за 2019 година се Анѓел Петрушев – кајакар, Александар Златаров – кајакар, Здружение на слепи лица – Велес, Сузана Палитова – наставник, Антоанела Гајдова Димитриевска – новинар, Ангела Арсова –млад научник во областа на неурофармакологијата, Љубица Јаневска – филантроп и менаџер за човечки ресурси.
Благодарница им беше доделена на ЗГ „Носачи на крстот“ и ЗГ „Акцијаш – ветерани“.
Спомен – плакета 9 Ноември добија КУД „Коле Неделковски“, Цветанка Пајдакова – кореограф и основач на Балетското студио „Анабела”, м-р Владо Мукоски и Момчило Трајковски – конзерватори советници, Веселинка Маџарова Андова – музички педагог, Фудбалскиот клуб „Борец 1919“, компанијата „Пескара Вел“ и компанија „Павор“
Добитничка на наградата за најстудент „Проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2019 година и припадна на младата Марија Илиевска.
Најпрестижната награда, наградата за животно дело „ГЕМИЏИИ“ за 2019 година му беше врачена на спортската легенда во фудбалот, Трајче Ковачев.
„Како човек што доаѓа од спортпт апелирам до сите Вас да пронајдете слободно време да спортувате, рекреирате и да се дружите. Со тоа се продолжува Вашиот животен век“, порача Ковачев.
Во музичкиот дел од програмата настапија балетското студио „Анабела“ , Детскиот и младински хор „Св.Кирил и Методиј“ и Градскиот камерен оркестар „Ангел Шурев“, м-р Светлана Ташева и м-р Илија Настовски, а вечерта беше заокружена со магичните хармонии на Женскиот хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС!