На покана на „Бозон Солушнс“, со седиште во Тексас, САД, градоначалникот Аце Коцевски, во периодот од 18 до 22 ноември годинава, учествува на Светскиот конгрес и саем на паметни градови што се одржува во Барселона – Шпанија.
Коцевски е поканет на овој значаен настан како градоначалник на првата македонска општина со Стратегија за развој на паметен град. Светскиот конгрес и саем на паметни градови е посветен на развој на градовите ширум светот преку иновации, особено социјалните иновации како и идентификација на можности за инвестиции и одржлив развој преку практична примена на иновациите од областа на информатичката технологија.
Клучни теми на годинешниот конгрес на паментни градови се новите технологии во управувањето со отпад, социјалните иновации и обезбедувањето на решенија за одржлив развој.