Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61 и 11/18), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година,
Секретарот на Општина Велес, донесе

О Д Л У К А
за НЕ избор на кандидат за административен службеник
по пат на унапредување

1.Со оваа Одлука НЕ се врши избор на извршител на работите на работно место: Советник за спроведување на урбанистички планови УПР 01 01 В01 000 1 извршител(и)
2.Одлуката за НЕ избор на административен службеник, ќе се објави на веб страницата на општината и огласната табла на Агенцијата за администрација.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:

  • Советник за спровдување на урбанистички планови 1 извршител(и)
    Интерниот оглас беше објавен на web страната на Општина Велес на ден 28.10.2019 година. Од страна на посебно формирана Комисија со Решение бр.4032/7 од 30.10.2019год., на ден 11.11.2019 година во 13:00 часот, во просториите на Агенцијата за администрација спроведена е административна селекција. На огласот е пријавен вкупно 1 кандидат, кој не ги исполнува општите услови за прием на административни службеници согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес пат на унапредување.
    Согласно Записникот од извршената административна селекција за административен службеник, бр.04-4032/8 од 11.11.2019 година од Агенцијата за администрација, утврдено е дека кандидатот е неуреден, а како причина за неуредност е наведено дека кандидатот нема две години на тековното работно место согласно Решение за распоредување бр.04-866/25 од 19.02.2019 година. Согласно член 52, од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61 и 11/18),), се донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против Одлуката има право на жалба, преку Општина Велес, до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена (8), од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61 и 11/18), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година,
Секретарот на Општина Велес, донесе

О Д Л У К А
за НЕ избор на кандидат за административен службеник
по пат на унапредување

1.Со оваа Одлука НЕ се врши избор на извршител на работите на работно место: Соработник за млади, спорт и здруженија на граѓани УПР 01 01 В03 000 1 извршител(и)
2.Одлуката за НЕ избор на административен службеник, ќе се објави на веб страницата на општината и огласната табла на Агенцијата за администрација.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:

  • Соработник за млади, спорт и здруженија на граѓани 1 извршител(и)
    Интерниот оглас беше објавен на web страната на Општина Велес на ден 28.10.2019 година. Од страна на посебно формирана Комисија со Решение бр.4032/7 од 30.10.2019год., на ден 11.11.2019 година во 13:00 часот, во просториите на Агенцијата за администрација спроведена е административна селекција. На огласот е НЕ се пријавени кандидати кој ги исполнуваат општите услови за прием на административни службеници согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес пат на унапредување.
    Согласно Записникот од извршената административна селекција за административен службеник, бр.04-4032/8 од 11.11.2019 година од Агенцијата за администрација, утврдено е дека утврдено е дека нема пријавени кандидати по објавениот оглас. Согласно член 52, од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61 и 11/18), се донесе одлука како во диспозитивот.