На деветтата Седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше повторно избран за Претседател на Советот.
Меѓудругото Советот донесе и предлог Одлука за Усвојување на Годишна листа за предлог проекти за развој на Вардарскиот плански регион за 2020 година, финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, со што ќе се придонесе до поголема поддршка на општините од Вардарскиот плански регион и подобар и побрз развој на истите, а со тоа ќе се придонесе и кон подобрување на условите за живот на сите жители од овие општини.