Општина Велес започна со градежни работи на улица „Страшо Пинџур” и уредување на просторот во близина на народната кујна, во месноста „Дворови”, непосредно покрај патеката која води кон железениот мост.

Градежните работи започнаа на 7 декември 2019 година, а просторот се расчистува од шут и непрописно одложен отпад, за потоа да се порамни и бетонира во должина од 135 метри и ширина од 5 метри.

Во зависност од временските услови, предвидено е градежните работи да се реализираат во рок од десет дена, а истите ги изведува ДГРИТ „Тргоцеменет“ од Велес.

За реализација на овие градежни активности Општина Велес одвои финансиски средства во висина од 600.000,00 денари со вклучен ДДВ.


Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.