Ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во уредувањето на сопствените објекти во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Согласно, Одлуката за востановување награда за најуспешна празнична илуминација донесена од Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.16/09) ќе се доделува НАГРАДА во 3 категории:
– Најубаво уреден осветлен излог,
– Најубаво уреден-осветлен објект-двор
– Најубаво уредена осветлена тераса.
Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.
Оценувањето на уредноста ќе ја цени посебно формирана Комисија, која донесува Одлука за најуспешна празнична илуминација.
Вашите предлози можете да ги доставите најдоцна до 23.12.2019 година до Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1 со назнака за Комисија за празнична илуминација или на e-mail opve@veles.gov.mk.
Предлогот/пријава задолжително да содржи точна адреса на предложениот објект, лице за контакт и телефон. Доколку може да се приложи и фотографија или снимка од предложениот објект.
Наградите, ќе бидат врачени на Свеченост што Општина Велес ја организира по повод Новогодишните и божиќните празници.
Дополнителни информации на тел: 043 232-406 локал 113