На ден 14.12.2019 година (сабота) од 09.00-12.00 часот во Општина Велес ќе се спроведе државната акција “Администрацијата чисти”.
Ќе се чисти на сл. локации:
•Излез од Велес кон Башино село
Зборно место: проширување на патот спроти ВЕТЕКС
•Од Агенција за вработување до некогашен Пензионерски дом и двор на некогашното училиште ЈХК Џинот
Зборно место: задна страна на Пензионерски дом до објект на кајакарите
•ул. Meтодија Андонов-Ченто, со косина на надвозник Битолска пруга со пешачка патека на ул. 8 ми Март
Зборно место: детско игралиште спроти МВР
•Парк до зграда ХИВ, со брег на река Вардар и дел ул. Благој Нечев и Трајко Панов
Зборно место: пред зграда ХИВ
Во акцијата ќе се вклучат вработените на општината, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции.