Успешно се спроведе акцијата за пошумување на просторот околу Спомен Костурницата во организација на Општина Велес. На акцијата учествуваше администрацијата, дел од советниците на општинскиот совет, градоначалникот Марко Колев  и службите на ЈКП Дервен.

Околу 500 садници од различни видови се насадија што ќе го оплеменат и разубават просторот околу Костурницата.

Наша одговорност и обврска е да се грижиме за животната средина.