На денешната акција за пошумување, на „Филтерна“ се засадија вкупно 250 садници од липа, багрем, јасен и бреза. Во акцијата учествуваа претставници на Општина Велес и ЈКП Дервен со цел создавање поздрава и позелена животна средина.

Претходно во заедничка акција на двете институции беа засадени уште 10 садници „ликвидамбер“ на кејот на Вардар под потпорниот ѕид.

Ошптина Велес во соработка со јавното комунално претпријатие континуирано реализира акции за пошумување за збогатување на градот и околината со зелени површини.

„Да ја чуваме природата и сите заедно да придонесеме за почиста и поубава општина!“