Со цел да се обезбедат хигиенски услови на јавните површини на највисоко ниво и да се заштити животната средина, во село Сујаклари се спроведуваат активности на генерално чистење на центарот на селото.
Согласно Програмата за јавна чистота и Оперативниот план за дезинфекција на Општина Велес веќе неколку денови екипи на ЈКП „Дервен“ спроведуваат активности на чистење на центарот на селото од големи наноси на земја, чистење на атмосферскиот канал во близина на кошаркарското игралиште, косење на зелените површини.
Активностите завршуваат денеска со перење на површините со дезинфекционо средство.