Во периодот од 25 Септември до 6 Октомври годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните.
Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот на следниов број: 043/233-768 или на моб. тел. 075 498 551 и 071 229 986
Ги замолуваме граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за собирање. Во габаритен отпад спаѓа:
Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи. Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалетни шољи, славини за вода, огледала. Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи. Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.