Во тек се градежни активности за реконструкција на коловозот од влезот до сред село. Градежната механизација е на терен, денеска и утре ќе се поставува прв слој асфалт, по што ќе следи и втор, финален асфалтен слој.

Реконструкцијата на улицата во село Иванковци е дел од проектите што Општина Велес ги реализира во соработка со Министерството за транспорт и Владата што значително ќе придонесе за опстанок и развој на селото.