Градоначалникот Аце Коцевски оствари официјална средба со Н.Е. амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ.

Коцевски и Јаќимовиќ разговараа за соработката помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина како и за можноста за продлабочување на економската соработка  меѓу фирмите од двете земји.

По средбата со Градоначалникот Коцевски, амбасадорот Јаќимовиќ замина за село   Горно Оризари, во посета на подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во кое учениците ја следат наставата на босански јазик.