Во рамки на програмата на „Велешко лето 2026“ вчеравечер во Градски парк се одржа кино на отворено во организација на Киноверзум. Младите имаа можност да ја проследат проекцијата на анимираниот филм „Тифити и пустинската авантура“. Претходно тие учествуваа на забавни игри и кино гејминг каде си ги измерија силите во PS5 и добија симболични награди.
Вечерва (понеделник) со почеток во 20:00 часот, на истата локација, повторно ќе се дружиме со игри и проекција на анимираниот филм, „Авантурите на Финки 2“. Ве очекуваме.