Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да бидат дел од пописот на населението што ќе се реализира од 01 до 21 април годинава, да се јават на огласот за попишувачи што е објавен на официјалната веб страница на Општина Велес и на огласните табли во седиштето на пописната комисија. Огласот е објавен денеска и ќе трае до 22 март.

На првиот оглас кој што исто така беше објавен на веб страницата на Општина Велес не се јавија доволен број на граѓани и не се пополни бројот на кандидати за попишувачи. За регионот во кој спаѓаат општините Велес, Градско и Чашка потребни се уште 51 попишувач.

Повеќе информации можете да прочитате на овој линк.