Општина Велес и годинава организира настан за одбележување на Денот на шегата, 1 Април. На манифестацијата централно место ќе заземат децата од градинките и учениците од основните училишта кои со своите креативни маски ќе продефилираат низ улиците во градот и ќе направат весела атмосфера.
Априлијадата продолжува во Амфитеатарот во Младински парк во 11:00 часот каде за целосен впечаток ќе се погрижат малите балерини на балетското студио Анабела.


