Како дел од одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември, викендов се одржа атлетска трка „Велес трча“ во Градскиот парк. Трката ја завршија 264 учесници кои се натпреваруваа во две трки на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција.
На патеката од 10 километри, најдобра меѓу жените беше Фросина Михајловска која патеката ја истрча за 45 минути, по неа Јасмина Каркински за 52,20 минути и трето пласирана беше Анита Китанова со време од 53,52 минути.
Кај мажите првото место го освои Игор Јакимовски со време од 37,17 мунути, второто му припадна на Христофор Пејовски со 39.37 минути а третото на Лаки Толовски кој патеката ја истрча за време од 41,46 минути.
На патеката од 5 километри во категорија жени победи Марија Стојановска со време од 21,28 минути, пред Ана Атанасова со 23,41 минута. Третото место и припадна на Дарија Крстевска со време од 24 минути.
Во машка конкуренција победник е Роберто Димитриевски кој патеката ја истрча за 18,03 минути. На второ место успеа да стигне Ибраим Мамудов со време од 18,38 минути, а трет беше Ријад Шаипи со 19,09 минути.
Екипно прво место на пет километри освои екипата на Брако, втора на АК „Борец“ , а трета е екипата на „Олимп“.
Покрај трките за возрасни имаше и Детски атлетски трки на 100, 200, 300 и 400 метри во кои учество земаа над 300 деца. Организаторот на сите учесници им додели медали за учество.
На трката во чест на празникот на Општина Велес учествуваше и градоначалникот Марко Колев. Атлетската трка „Велес трча“ ја организираше ЗГ АК „Борец“ и Општина Велес.