Се укинува бесплатниот автобуски превоз до езеро Младост.

Почитувани Општина Велес ја известува јавноста дека од денеска 30.08.2021 година повеќе не сообраќа бесплатниот автобуски превоз до езеро Младост. Поради намалениот интерес на граѓаните, Општина Велес го укинува бесплатниот јавен превоз до езерото. Бесплатниот јавен превоз го организираше Општина Велес поради големиот интерес на граѓаните да го посетуваат езеро Младост во летниот период, по…

Отворен 18 Меѓународен салон на стрип и 3-та стрип колонија

Во Ликовниот салон во Велес е отворен 18 Меѓународен салон на стрип на кој начин учествуваат стрип уметници од Романија, Белгија, Албанија и Србија. На најдобрите стрип уметници од овогодинешниот салон им беа доделени награди и признанија. Во куќата на Касапови е отворена третата по ред Стрип колонија на која учествуваат десет стрип уметници од…

Резултати од спроведеното тестирање за попишувачи и инструктори

Во текот на вчерашниот и денешниот ден беше спроведено тестирање на кандидатите за попишувачи и инструктори. Резултатите од полагањето можат да се видат на линкот подолу. Линк

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека поради актуелната состојба со Ковид-19 и новодонесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата, сите настани кои се дел од „Велешко лето” 2021, времено се одложуваат. Воедно, традиционалниот „Турнир во мал фудбал” и XVII издание на Интернационалниот…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХУМАНИТАРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Почитувани хуманитарни работнички и работници, Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите жители на општината и во свое лично име, ви гo честитам 19 август, Светскиот ден на хуманитарните работници. Велес е докажан хуман град. Добрите дела можат да му помогнат на светот да преживее. Апелирам хуманоста да стане дел од…

ПРОМОВИРАНО ИНКЛУЗИВНОТО ИГРАЛИШТЕ „ПАРК НА СРЦАТА” НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Со музички хепенинг на R’n’B Neighbours и ДНК, денес на езеро Младост беше промовирано инклузивното игралиште „Парк на срцата“. Игралиштето е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализира Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е…

„Музички бисери“, Концерт на ученици од ООМУ „Стефан Гајдов”

Учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ одржаа концерт во салата „Бели Мугри“. Концертот на класична музика е со наслов „Музички бисери“ и со него го одбележаа јубилејот 75 години од постоењето на музичкото училиште и неговата педагошка дејност. Во досегашнато работење на училиштето излегле плејада на музички дејци како композитори и инструменталисти кои концертираат ширум светот…

„СТАРОГРАДСКА КЛАСИКА“, КОНЦЕРТ НА ТРИО „ОКАРИНА”

Членовите на музичкото трио „Окарина“, проф. Веселинка Маџарова, м-р Илија Настовски и м-р Трајче Малинов одржаа концерт на староградски песни во салата „Бели Мугри“. Успешното творење на триото беше презентирано преку изведби на композиции од Сашо Ливрински и Томислав Зографски како и обработки на Трио „Окарина”на вечерашниот концерт насловен „Староградска класика“, кој е во рамки…