1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на два члена на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).

Основна дејност на претпријатието e 93.11 – Работа на спортските објекти.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk и на страната на ЈП „Парк–Спорт и Паркинзи“ Велес https://parksport.com.mk/.

 

  1. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

За член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република Северна Македонија
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи

 

Времетраењето на мандатот на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

 

  1. РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:

  1. Заради вршење на работите на контрола, надзорниот одбор за контрола може да врши испитување на лице место на сите документи и списи на јавното претпријатие. Надзорниот одбор за контрола може заради испитување на документите и списите на јавното претпријатие да повика стручни лица кои ќе му помагаат во решавањето на надзорот.
  2. Членовите на надзорниот одбор за контрола можат да присуствуваат на седницата на управниот одбор и им се доставува покана со сите материјали што им се доставуваат на членовите на управниот одбор.
  3. Надзорниот одбор за контрола задолжително ги прегледува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работа на јавното претпријатие и по прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие, ако претходно не добие позитивно мислење од надзорниот одбор за контрола.
  4. Надзорниот одбор за контрола може да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку тоа е утврдено со статутот на јавното претпријатие.
  5. Извештајот за прегледот на годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие со свое мислење, надзорниот одбор за контрола му го доставува на министерот за финансии. Во извештајот до министерот за финансии, надзорниот одбор за контрола го известува за состојбата на јавното претпријатие врз чие работење врши контрола. Надзорниот одбор за контрола копие од извештајот му доставува и на министерот надлежен за работите на соодветната дејност.
  6. Претседателот на надзорниот одбор на јавното претпријтие или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува  членот на надзорниот одбор овластен од претседателот, е должен да присуствува на седницата на Советот на општината, кога се дискутира и се одлучува за работи и документи од надлежност на надзорниот одбор на јавното претпријатие.
  7. Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку четири пати годишно.
  8. НАДОМЕСТОК

Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

Висината на надоместокот со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие и изнесува: за Претседателот надоместок во износ од 2.000,00 денари и за членовите надоместок во износ од 2.000,00 денари согласно Одлуката за утврдување на надоместок за присуство на седници на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес со бр. 25-4986/21 од 13.12.2024 година.

 

  1. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Надзорниот одбор на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес се:

  1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
  2. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
  3. Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  1. Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија,
  1. Кратка биографија,
  2. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
  1. ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ

Постапката за селекција на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес се состои од две фази и тоа:

-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и

–  Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk.

  1. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Јавниот повик се објавува на ден 08.01.2025 година и трае 5 (пет) дена, односно надоцна до 13.01.2025 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:

 

  • во архивата на Општина Велес, ул„Панко Брашнар” бр.1, Велес (со назнака: За Јавен повик за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес)

 

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

 

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.


Јавен повик
Пријава