Општина Велес ќе организира Новогодишен базар на ракотворби. Тезгите ќе бидат поставени во Младински парк. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар.
Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица е потребно да достават копија од лична карта. Рокот за пријава за учество во Новогодишниот базар е до 6 декември 2024 година.