Општина Велес и годинава ќе организира Новогодишен базар на ракотворби. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар.

Правните лица со барањето треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта. Рокот за пријавување за учество во Новогодишниот базар е до 10 декември 2025 година.

Годинешниот Новогодишен базар ќе трае од 26 до 30 декември. Тезгите ќе бидат поставени во Младински парк.