1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

 

1.Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари-старо неупотребливо железо  и лим, кое се продава согласно Одлука за оттуѓување со продажба на старо неупотребливо железо,плех, бакар и алуминиум, со број 02-279/5 од 03.02.2023 година на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес, во согласност со Извештај за проценка на вредноста на подвижен имот и транспортни средства–расходовани средства сопственост на ЈКП ДЕРВЕН Велес,бр.254/1 од 25.09.2023 година, дадени во прилог на табелата:

II.ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ

-технички податоци за движните ствари-транспортни средства сопственост на ЈКП ДЕРВЕН Велес:

Табела 1

 

Ред.

број

Количина Вид на возило Марка на возило број Регистарски број
1. 1 Товарно моторно возило Iveko 85.12 VE-812-BG
2. 1 Товарно моторно возило Iveko 85.12 VE 287 CD
3. 1 Товарно моторно возило Jugo skala SKALA POLY VE 063 BK
4. 1 Товарно моторно возило Iveko 35.9 VE 342 BG
5. 1 Товарно моторно возило Iveko 35.9 VE 611 BF
6. 1 Работно моторно возило Avtopodigach FAP 1620 BD VE 753 BG
7. 1 Товарно моторно возило Zastava 80 10 VE 708 BG
8. 1 Патничко моторно возило FIAT PANDA 4X4TNG VE 434 BJ
9. 1 Патничко моторно возило PIAGGIO

PORTER

VAN GLAS VE 141 BК
10. 1 Товарно моторно возило YUGO CORAL VE 712 BM
11. 1 Трактор Тома Винковиќ
Вкупната проценета вредност

на средствата

579.700,00 денари + ДДВ
Банкарска гаранција

2% од проценета вредност

11.594,00 денари

 

1.Предмет на продажба се движните ствари-товарни моторни возила-старо неупотребливо железо и лим, кое се продава согласно Одлука за оттуѓување со продажба на старо неупотребливо железо,плех, бакар и алуминиум, со број 02-279/5 од 03.02.2023 година на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.

Согласно Извештајот за процена на вредноста на подвижен имот и транспортни средства–расходовани средства сопственост на ЈКП ДЕРВЕН Велес,бр.254/1 од 25.09.2023 година:

-цената на полно железо изнесува по 18 денари по килограм и

-цена на лим изнесува по 13 денари по килограм.

  1. Заинтересираните правни лица можат да извршат увид на предметот на продажба секој работен ден во стопанскиот двор на ЈКП Дервен Велес во периодот од 12:00 до 15:00 часот, со претходна најава до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес.
  2. Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефоните: тел-централа на ЈКП Дервен Велес 043/231-011.

III. ПОЧЕТНА ЦЕНА

1.Почетната цена за електронското јавно наддавање за движните ствари изнесува 579.700,00 денари + ДДВ  претставува проценета вредност на стварите од табела 1.

Проценетата вредност на движните ствари врз основа на која е утврдена почетната цена за електронското јавно наддавање е утврдена во Извештај за проценка на вредноста на подвижен имот и транспортни средства–расходовани средства сопственост на ЈКП ДЕРВЕН Велес, бр.254/1 од 25.09.2023 година, изработен од страна на ДИУП„МЕТОДА ПЛУС“ДООЕЛ Кавадарци, согласно Методологија за проценка на транспортни средства и Законот за процена.

Предметот на продажба е неделив и движните ствари се продаваат во целина.

НАПОМЕНА: Нотарските трошоци за солемнизација на договорот ќе ги сноси најповолниот понудувач (купувачот на движните ствари).

Трошоците за мерење и транспорт на движните ствари паѓаат на товар на купувачот.

IV.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО

Документацијата (пријава,банкарска гаранција и друго) за учество на јавното наддавање учесниците електронски ја доставуваат најдоцна до 30.11.2023 година(четврток) ) најдоцна до 08:00 часот.

Документите се прикачуваат електронски на софтверот www.e-stvari.mk.

Објавата трае 15(петнаесет) дена почнувајќи од 15.11.2023 година(среда ) до 30.11.2023 година(четврток) најдоцна до 08:00 часот.

Документите се прикачуваат електронски на софтверот www.e-stvari.mk.

Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање.согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.

Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk

 

    V.ДАТУМ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање за продажба на движната ствар од точка 1, ќе се изврши електронски на следната интернет адреса: www.e-stvari.mk,  на ден 04.12.2023 година(понеделник) со почеток во 08:00 часот.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски правни лица кои што поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад можат да се стекнат со сопственост на движни ствари на територијата на Република Северна Македонија и кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

          VII. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА  ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Постапката за продажба со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање.

За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое правно лице треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.mk.

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

 

Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:

  • За правни лица
  1. 1. Пријава за учество на јавното наддавање;
  2. 2. Доказ за идентитет за правни лица:

– тековна состојба од Централен регистар на РСМ – не постара од шест месеци (за правни лица);

-дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад;

– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

  1. 3. Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата(заверена на нотар).

4.Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на движната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, на денот кога се доставува комплетната документација.

  1. 5. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали истите се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

 

      VIII. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ

 

Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на движните ствари и истата изнесува 11.594,00 денари е дадена во табелата бр. 1 од оваа објава.

Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот е должен истата да ја достави и во писмена форма во оригинал на следната адреса-„Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“бр.1(со назнака:„За Комисијата за недвижни и движни ствари на Општина Велес-Јавна објава бр.7/2023 по вторпат).“

Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.

Најповолниот понудувач е должен да ги уплати средствата во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.Во спротивно, нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.

  1. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДДАВАЊЕТО 

Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на движната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по првпат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.

Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на ЈКП ДЕРВЕН Велес,  во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.

По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од 15(петнаесет) работни дена по извршената уплата на постигнатата цена на движната ствар, Директорот на ЈКП ДЕРВЕН Велес, склучува договор за продажба на движните ствари. По склучувањето на договорот купувачот во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Нотарските трошоци  и данокот на промет се обврска на најповолниот понудувач/купувачот.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три  дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од  пет дена од приемот на приговорот. Против ова Решение на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост
на Општина Велес


Јавна објава бр. 7 2023 (вторпат)