Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22, 03/25), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Подносител на барањето:
Друштво за вработување на инвалидни лица за трговија на големо и мало ТРГОШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Велес со
Друштво за вработување на инвалидни лица за трговија на големо и мало ТРГОШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Велес Подружница ТРГОШПЕД за преработка на неметални руди,
– за инсталација за производство на мелен талк на ул.Раштански пат бр.4 Велес на КП 16956/1 КО Велес, општина Велес, со капацитет 5000 т/год. ,
Седиште на операторот:
ул.АСНОМ бр.10 Велес
ул.Раштански пат бр.4 Велес
Локација на инсталацијата:
ул.Раштански пат бр.4 Велес
на КП 16956/1 КО Велес, општина Велес
Контакт лице:
Охридиа Јовева–управител на инсталацијата,
тел: 078/446-186
Категорија на инсталација:
Прилог 2
Точка 3. Индустрија на минерали
Подточка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини доколку не се опфатени во Прилог 1 од Уредбата (Службен весник на РМ бр.89/2005)
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk


